Проект на општина Гази Баба „Градиме заедничка иднина“

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска ги прими учениците на основните училишта „Наим Фрашери“ од Тетово и „Григор Прличев“ од општина Гази Баба, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја.

Како што соопштија од општината, учениците од двете училишта изготвија брошури и флаери за зачувување на планетата, направени по истражувањата на загаденоста во Тетово и Гази Баба во кои се предложени мерки за негово намалување, кои ги поделија на граѓаните во оштината.

На средбата беше најавен почетокот на Проектот „Градиме заедничка иднина“, кој ќе ја отсликува меѓуетничката интеграција и кохезија на учениците и наставниците. Во проектотј ќе учествуваат сите 11 основни училишта од Гази Баба и учениците од Тетово.

Градоначалникот Георгиевски, како што наведуваат од општината, им порача на учениците дека треба да продолжат со добрата меѓусебна соработка, да се почитуваат без разлика на верските, националните, образовните и половите разлики, а дека тој лично ќе им биде голема поддршка во реализирањето на Проектот.

Почнувајќи од денеска до Денот на општина Гази Баба – 3-ти ноември, учениците ќе бидат вклучени во мешани групи, каде ќе работат на различни активности, кои ќе бидат претставени на Денот на општината, а најдобрите ќе добијат и награди.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица