Продолжуваат предизборните активности на партиите

Од:

Коалициите и политичките партии – учесници на претстојните предвремени парламентарни избори денеска продолжуваат со активностите во рамки на кампањата.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка, а СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ во Ресен и Битола.

Коалиција за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе има митинзи во Радовиш и Конче, како и средби со граѓани во Делчево и Берово и со жители во селата Дедино и Ракитец.

Шефот на Општинскиот изборен штаб на ДУИ во Тетово Џеват Адеми на прес-конференција ќе го оцени досегашниот тек на предизборната кампања, ДПА ќе одржи митинг во Слатино, а коалицијата „Алијанса за Албанците“ во Струга.
Носителот на кандидатската листа на коалицијата ВМРО за Македонија во Изборната единица 1 Ден Дончев ќе има средби со граѓани во Аеродром и Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември