Продолжуваат контролите од полицијата на мотоциклистите во Полошко

Од:

Вкупно 43 прекршоци од мотоциклисти биле откриени од полицијата при вчерашните контроли спроведени во тетовско – гостиварскиот регион, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој кажа дека ктивноста била дел од планираните акциски контроли и била спроведена во периодот од 15 до 20 часот.

Во тетовските контролни активности откриени се вкупно 22 прекршоци кои биле санкционирани со исто толку прекршочни платни налози, пет исклучувања од сообраќај и со 10 покани за сообраќајна поука. Од прекршоците 12 биле за некористење заштитна кацига, пет мотоциклисти управувале без возачка дозвола, четири без или со истечена регистрација и осигурителна полиса и друго.

Во активностите спроведени во гостиварско регистрирани се 21 прекршок, од кои 14 за некористење заштитна кацига, четири управување без возачка дозвола и три истечена регистрација. На прекршителите од страна на полицијата им биле изготвени 21 прекршочен платен налог, седум мотоциклисти биле исклучени од сообраќај, а 14 ќе бидат повикани на сообраќајна поука.

– Засилени контроли на мотоциклистите ќе следуваат и во наредните летни месеци дотолку повеќе што изминативе десетина дена на тетовско-гостиварското подрачје се случија неколку сообраќајни несреќи во кои непосредни учесници беа мотоциклисти, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он