Продолжуваат анализите за исправноста на водата на неколку чешми во делчевско

Од:

Откако вчера анализите направени на чешмата од селскиот водовод во село Град покажаа бактериолошка неисправност денеска од ЈЗУ Јавно здравје од Кочани излегоа со нова информација за неисправност на водата од селската чешма Чешма џамија во село Вирче.

– Ги известуваме жителите на село Вирче дека водата од селската чешма Чешма џамија во селото не е исправна за пиење. Согласно резултатите од направените анализи на водата, констатиравме дека водата од селската Џамија чешма во село Вирче не одговара на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа. Анализата покажува дека во водата забележителен е зголемен број на колиформни бактерии, присуство на на ентеропатогени бактерии Ентерококи, Псеудомонас аерогиноза, Ешерихија коли, а одговара на физичко-хемиската анализа. Поради ова препорачуваме водата од чешмата да не се користи, ниту за пиење ниту за одржување лична хигиена и подготвување храна, се вели во информацијата од ЈЗУ Јавно здравје Кочани.

ЈЗУ ПЕ-Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ преземаат соодветни мерки согласно со препораките од ЈЗУ Јавно здравје Кочани.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински