Продолжува времениот сообраќаен режим на ул.„Тодор Александров“

Од:

Поради изведување градежни работи за асфалтирање на коловозот продолжува времениот сообраќаен режим на улицата „Тодор Александров“, како и на околните улички од десната страна од оваа улица, информира Град Скопје.

Денеска и утре во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира десната страна на улицата „Тодор Александров“, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици „Периша Савелиќ“, „Партение Зографски“, „Тасино Чешмиче“ и „Славејко Арсов“. Во текот на градежните работи, на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош