Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба кои се случија во мај минатата година треба да продолжи денеска. Пред Судскиот совет искази треба да дадат сведоци на обвинителството.
Обвинетите се товарат за тероризам и учество во терористичка организација.
На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини. Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.