Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

Од:

Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот ќе продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, помеѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски биле убиени со ист калибар на куршум од блиску

Горан Наумовски

Додека имало претрес кај братот на Палчо од неговиот телефон има повик кај Вања

Продолжи судењето на убиствата на Вања и Панче, го нема Гоце Трајковски еден од клучните сведоци

Кешишев: Изјавата не е моја, Палчо ми даде ливче да го напишам со мој ракопис

Катерина Ѓуровски

Велибор Манев ги однел до местото каде што бил закопан Панче сведочи полицаец

Катерина Ѓуровски

Има цврсти докази дека Палевски ги извршил убиствата, сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност велат обвинителките