А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На рочиштето за „Рекет“ ќе се презентираат докази, на ред се снимки доставени од Камчев

by А1он06/02/2020 - 08:0606/02/2020 - 10:42390
Share0

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

Добивај вести на вибер

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“. Taa се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен