Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, за денеска повикани тројца сведоци од Општина Кочани

Од:

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од Општина Кочани.

Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјасни дали го прифаќаат повлекувањето на некои од сведоците предложени од Обвинителството откако на минатото рочиште на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите.

На минатото рочиште беше сослушан сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето го води Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Нашите деца не се спореден детал во овој процес – не дозволувајте споредното да ја засени одговорноста за смртта

А1он

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври: Не негираме вина, негираме умисла, вели одбраната

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Савески: Законските рокови за притвор во „Пулс“ мора да се почитуваат

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице