Продолжува судењето за организаторите на 27 април

Од:

Со сослушување сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, предложени од одбраната на Спиро Ристовски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници