Продолжува судењето за „Дива населба“

Од:

Судењето за случајот „Дива населба“ продолжува денеска во голема сала на Врховниот суд.

Откако заврши распитот на заштитените сведоци, судското рочиште продолжува со доказна постапка и е отворено за јавноста.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.

Сите обвинети на судењата се изјаснија како невини.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски