Продолжува собраниската расправа за законот за употреба на јазиците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Дебатата на 15-та собраниска седница за овој закон беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори.

Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).

Во расправата по првото читање на законот за збор беа пријавени шеесетина пратеници.

Во досегашниот тек од расправата по овој закон, и на комисиските расправи и на продолженијата на пленарните седници, опозицијата обвини дека законот е неуставен, оти со него се кршат процедурите и дека неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава. Со законот, според опозицијата, се дискриминираат и помалите етнички заедници.

Парламентарното мнозинство посочува дека законот е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он