А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжува собраниската расправа за топлификација на Битола

by А1он23/12/2015 - 08:28122
Share0

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 80-та седница ќе ја продолжи расправата за реализација на проектот за топлификација на Битола.

Следете a1on на Instagram Instagram

Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка, вчера пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Министерот посочи дека се работи за значаен проект за граѓаните на општина Битола со кој ќе се реши топлификацијата и ќе се замени употребата на нафтата и дрвото за греење со што ќе се намалат емисиите на стаклени гасови и ќе се подобри сигурноста на дистрибутивната мрежа.

Со законот се предвидува во првата фаза да се изгради систем за производство на топлинска енергија, транспортен довод, примарна пумпно-топлинска станица во Битола, дистрибуциона мрежа во Битола и топлински подстаници, а со втората фаза треба да се изгради дистрибутивната мрежа за населбите Новаци, Могила и Логоварди. За реализација на првата фаза ќе бидат инвестирани 39 милиони евра кои Владата на СР Германија ги обезбеди преку КфВ банката и околу седум ипол милиони евра од АД ЕЛЕМ. Рокот на отплата ќе биде 15 години со грејс период од четири години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Проектот ќе биде поддржан, според најавите, и од пратениците од опозицијата, но тие забележуваат зошто тој ќе се реализира со заем.

На дневен ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за данокот на додадена вредност, за надворешни работи, за Академијата за судии и јавни обвинители, за платите на судиите, за платите на јавните обвинители, по скратена постапка, Предлог законот за основање Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, по скратена постапка…

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео