Продолжува собраниската расправа за разрешување на заменик-министрите

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправата за разрешувања на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Расправата почна доцна синоќа со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, а за збор се пријавени 40 пратеници.

Ковачевски од Собранието побара конструктивна дискусија и повтори дека владината реконструкција не е партиски мотивирана, туку е за европска иднина на државата.

Претходно, во рамки на 104. седница беа избрани четирите нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции