Продолжува собраниската расправа по Предлог законот за прекршоци

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 72. седница, ќе ја продолжи расправата по Предлог законот за прекршоци.

На седницата треба да бидат разгледани и Предлог законот за правда на децата, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спортот и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, сите во прво читање, како и Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог на закон за правосудниот испит и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка.

На дневен ред се и Дополнетиот предлог закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Дополнетиот предлог закон за медиуми, Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука, Предлог законот за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог законот за дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог законот за националната рамка на квалификации,…, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on