Утре масовен протест на судските службеници

Од:

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација, кои го организираат тридневниот штрајк на судските службеници, за утре најавуваат масовен протест пред надлежните институции.

– Масовноста е огромна. Се вклучија и оние кои не се членови на Синдикатот што ни дава за право да кажеме дека нашите барања се оправдани. За овој штрајк, за разлика од оние што претходно сме ги организирале, не можеме да зборуваме за било какви притисоци, особено не од судиите и претседателите на судовите. Мислам дека и судиите ги поддржуваат своите вработени како никога досега, а од друга страна и адвокатите ни дадоа поддршка, како и повеќе синдикати што особено ме радува и му дава синдикален призвук на штрајкот, изјави денеска претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски.

Тој рече дека утре ќе се одржи најавениот протест пред Собранието на Република Македонија, Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и пред Владата.

– Утре ќе го организираме протестот бидејќи во овие два дена Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација не најдоа време да не повикаат и да поразговараме, да покажат минимум волја дека се подготвени со дијалог да ги надминеме проблемите, рече Грујовски.

Организаторите на штрајкот бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, исплата на ветените пет проценти и враќање на работното време од 7:30 до 15.30 часот.

Според нив, Законот за судска служба и Законот за административни службеници се неуставни и ресктриктивни за вработените.

Штрајкот започна вчера, а продолжи денеска во просториите на судовите. Од 10 до 11 часот вработените го искажаа своето незадоволство пред судовите. За време на штрајкот беа примани само итните и притворските предмети.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација го активираа штрајкот откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба. Преговорите почнаа како резултат на предупредувачкиот штрајк што беше одржан на 3 декември 2015 година.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски