Продолжува реконструкцијата на велосипедските патеки во Скопје

Од:

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Градот Скопје, вршат градежни работи на велосипедско-пешачката патека по должината на булеварот „8 Септември“, на потегот од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ до крстосницата со булевар „Илинден“.

„Оваа велосипедско-пешачка патека е дел од поврзувањето кое се реализира во рамки на проектот „Скопје Велоград“ и истата е со вкупна должина од околу 2 километри, на потег од раскрсницата со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата со улица „Скупи“ (Хубо Маркет). По завршувањето на овој дел од велосипедската патека градежните работи ќе продолжат и на преостанатиот дел на ова поврзување“ се наведува во соопштението од Град Скопје.

„Овој конектор е од исклучителна важност поради тоа што истиот треба да ги поврзе рутите 1 и 3, поточно велосипедската патека по должината на булеварот „Илинден“ (рута 1) со велосипедската патека по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (рута 3)“ се додава во соопштението.

Градот Скопје ги продолжува своите активности и заложби да прерасне во велосипедска метропола. Во оваа 2018 година во буџетот на Град Скопје за изградба и реконструкција на велосипедски патеки се предвидени 30 милиони денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски