Продолжува расправата за Дополнетиот предлог-буџет за 2021

Од:

Пратениците денеска на пленарна седница треба да ја продолжат расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2021 година. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата е закажана за 12 часот.

Вчера беше трет ден како пратениците расправаа за Предлог-буџетот, а расправата може да трае најмногу пет работни дена, по што треба да се гласа по предлогот.

Во текот на досегашната расправа, власта и опозицијата со спротивставени ставови на Предлог-буџетот за следната година. За власта, Буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период. Посочија дека Предлог-буџетот е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување. Ставот на опозицијата, пак, е дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален. Со него, како што истакнаа, нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

Во дополнетиот предлог се содржани 18 амандмани прифатени во текот на расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението пред пратениците посочи дека Дополнетниот предлог-буџет е реален и во него се алоцирани средства онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати.

Со проекциите во Буџетот, како што истакна, се очекува да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепнат одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да се обезбедат политики кои и понатаму ќе помогнат за спроведување на брза излезна стратегија со цел продолжување со позитивните трендови на македонската економија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието