А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжува расправата за буџетот, уште три комисии ќе одржат седници

by А1он14/10/2015 - 08:26109
Share0

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го одржи првото продолжение на расправата по Предлог – буџетот на Република Македонија за 2016 година во второ читање.

Следете a1on на Instagram Instagram

На дневен ред на седницата е и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка во второ читање.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за одбрана и безбедност, за политички систем и односи меѓу заедниците и за образование, наука и спорт.

На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за производство и промет на вооружување и воена опрема, за детективската дејност, за оружјето и за приватно обезбедување, сите во второ читање.

Следете a1on на Youtube YouTube

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат предлог-законите за изменување и дополнување на законитеза катастар на недвижности, за процена,за медијација, за Академијата за судии и јавни обвинители, за вештачење, за управната инспекција, за инспекциски надзор, за постапување по претставки и предлози и за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, сите во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за Академијата за наставници, за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Државниот универзитет во Тетово ( I фаза ).

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео