Продолжува проширувањето на булеварот„Александар Македонски“

Од:

Екипите на Град Скопје прошируваат дел од булеварот „Александар Македонски“ пред крстосницата со улицата „16.Македонска бригада“ во населбата Автокоманда.

Во текот на градежните работи средишната жардиниера на дел од булеварот „Александар Македонски“ е скратена со што сообраќајната лента за вртење во лево кон улицата „16.Македонска бригада“ е продолжена за 120 метри, соопшти денеска Град Скопје.

На терен е извршен ископ, нанесен е тампонски слој, а во наредните денови продолжената сообраќајна лента ќе се асфалтира. Со тоа, ќе се овозможи непречен проток на возилата кон улицата 16. Македонска бригада, без застои и ќе се намали сообраќајниот метеж, се вели во соопштението.

Градежните работи за проширување на оваа крстосница, според најавара, ќе продолжат на аголот пред Шумарскиот факултет, каде што ќе се прошири едната сообраќајна лента на улицата 16. Македонска бригада, за вртење во десно кон булеварот „Александар Македонски“.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Пред еден месец, булеварот „Александар Македонски“ беше проширен за една сообраќајна лента со ширина од 3,5 метри, во делот пред и по свртувањето во десно кон улицата 16. Македонска бригада, кон базата на Противпожарната бригада. Коловозот на булеварот „Александар Македонски“ беше проширен во должина од 150 метри.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен