Продолжува проектот за канализациона мрежа во велешка Отовица

Од:

Градоначалниците на oпштините од Вардарскиот плански регион во Велес ја одржаа 23-тата седница на Советот за развој на регионот на која e одлучено да продолжи проектот за поставување на канализациона мрежа и пречистителна станица во населеното место Отовица, во близина на велешкото езеро „Младост“.

Како што информираат од општина Велес одобрени се средства за лицето кое ги води активностите и непосредните комуникации со бизнис секторот, а воедно градоначалниците одлучиле да се донесе одлука за распишување на јавен оглас за избор на раководител на Центарот за развој на Вардарски плански регион, бидејки истекува мандатот на сенашниот раководител.

Од општина Велес информираат дека 23-тата седница се очекува да биде предпоследна, пред почетокот на летните одмори.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско