Продолжува проектот „Учиме да пливаме“ – бесплатни часови пливање за дечињата од Аеродром

Од:

Во време на забрзана дигитализација и живот со социјални мрежи, една од најважните работи е да не заборавиме на поддршката на детскиот раст и развој, преку промоција на спортот, активниот и здрав начин на живеење, велат од Општина Аеродром.

Активностите на Општина Аеродром продолжуваат и втора година, а еден од најважните проекти е „Учиме да пливаме“ – бесплатни часови пливање наменети за дечињата од прво одделение и дечињата со попреченост од основните училишта во Аеродром. Проектот продолжува и за сите дечиња кои ќе бидат прво одделение следната учебна година.

„Убеден сум дека преку спортот можеме за момент да ги оттргнеме младите од модерниот начин на живот и да ги вратиме на патот на правилниот развој, игра и спортување. Токму со овој проект Општина Аеродром покажува сериозна грижа за растот и развој на најмладите, но и поддршка за една убава спортска активност преку која тие го надградуваат не само физичкото здравје, но и својата самодоверба и се запознаваат со нови вештини поврзани со пливањето и спортот“, напиша градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна.

Младите се важен приоритет на Општина Аеродром, а нашите заложби за создавање здрава и активна младина продолжуваат понатаму со засилено темпо. Преку сериозни инвестиции, чекори и иницијативи за подобрување на образовниот процес, како и вложување во спортската инфраструктура, можеме да ја постигнеме таа цел, додаваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода