​Продолжува проектот „бесплатни таблети“ за учениците од Аеродром

Од:

Општина Аеродром и оваа година го продолжува проектот „Бесплатен таблет за сите“. Со сопствени средства обезбедени од буџетот на општината, секој ученик кој посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет-уред за полесно совладување на наставата.

Ова на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека Општина Аеродром започна постапка за набавка на 900 таблети кои на почетокот од следната учебна година ќе бидат поделени на учениците од четврто одделение.

„Одлуката ја носиме водејќи се од идејата дека секое дете заслужува шанса да успее и да биде во тек со наставата и новите технологии. Наша обврска е без разлика на социјалниот статус, да обезбедиме еднакви услови за успех на сите ученици и во време на дигитална трансформација да го модернизираме образованието“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Општина Аеродром е првата општина која покрај разните образовни, спортски и рекреативни содржини, на најмладите им нуди нов интерактивен начин во процесот за поддршката на едукација. Истовремено, покрај можноста за најмладите да стекнат нови вештини, проектот претставува и сериозно финансиско олеснување на буџетот на семејствата во Аеродром, се наведува во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода