Продолжува периодот на облачно време со врнежи

Од:

Времето денеска е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 15 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

УХМР информира дека продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 15 литри на метар квадратен, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен