Продолжува осмата седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на првото продолжение на осмата седница, треба да ги именува замениците министри во Владата.

На дневн ред се и верификацијата на мандат на пратеник, Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, како и Предлог одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.

Пред пратениците се и Предлог законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните во прво читање, измените и дополнувањата на законите за девизна инспекција во второ читање, за данокот на додадена вредност, за финансиските друштва, за регистрирање на готовински плаќања, сите во прво читање, како и други предлог закони од областа на финансиите, здравството, социјалата, сообраќајот и локална самоуправа.

Треба да бидат разгледани и Предлог одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чија листа е избран претседател на Република Македонија за 2014 година и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не е избран кандидат за претседател на Република Македонија, како и Предлог одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани пратеници во Собранието и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не се избрани пратеници во Собранието на Република Македонија, двете поднесени од Крсто Мукоски, Талат Џафери, Чедомир Саздовски и Имер Алиу.

На седницата ќе се расправа и по Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави, Предлог одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал, Предлог одлуката за упатување јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија,…

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието