Продолжува комисиската расправа за уставните измени

Од:

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба да ја продолжи расправата за уставните измени согласно Преспанскиот договор.

Расправата почна завчера, но ставовите на власта и опозицијата не се променија. Едните сметаат дека ова е неповторлива шанса, а другите дека процесот е неуставен.

Премиерот Зоран Заев вчера повторно апелираше да се надминат партиските и политичките предрасуди и да се внимава на иднината на државата. Потсети дека седницата на Комисијата за уставни прашања продолжува денеска, а по нејзиното завршување е закажана собраниска седница, в понеделник.

– Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, зашто оваа шанса е неповторлива. Одлуката што ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните. Верувам дека сите ние, пред се и над се, ќе мислиме на нашата држава, на децата и на генерациите кои доаѓаат по нас, истакна премиерот.

Заев уште еднаш укажа на, како што рече, сериозната одговорност пред која во овие моменти се исправени политичките чинители, политичките и народните избраници, а пред се Парламентот.

Идната недела се очекува да биде јасно дали ќе има двотретинско мнозинство за уставни измени согласно Договорот од Преспа или ќе се оди на нови предвремени парламентарни избори што би се организирале со скратени рокови.

Раправата по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата, согласно член 196 од Деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. Членовите на Комисијата за уставни прашања и пратениците во текот на претресот може да зборуваат повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координаторите на пратеничките групи вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот, пак, може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани