Продолжува комеморативната програма за холокаустот на македонските Евреи

Од:

Еврејската заедница во Република Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја продолжуваат комеморативната програма со која се одбележуваат 74 години од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои биле депортирани и убиени во логорот Треблинка.

Владина делегација и претставници на Еврејската заедница ќе положат цвеќе пред споменикот во дворот на Тутунскиот комбинат-Скопје, односно поранешниот Монопол. Таму Евреите биле собирани и затворени и кон крајот на март оттаму со товарни вагони биле депортирани во логорот на смртта.

Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во НОБ на Градските гробишта Бутел. Членови од еврејската заедница ќе бидат примени и од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Програмата во сеќавање на македонските Евреи, која опфати повеќе активности, почна вчера во Скопје, Штип и во Битола – градовите во кои во најголем број живееле македонските Евреи во Втората светска војна.

Со претходно направена систематска евиденција, ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година Евреите од Македонија биле извадени од нивните домови, за да бидат испратени во Треблинка, каде била спроведена завршната сцена на т.н. конечно решение. До крајот на март биле депортирани 7144 Евреи – мажи, жени и деца, и никој од нив не се вратил. Бројот на убиени македонски Евреи бил 98 проценти од еврејска заедница што дотогаш живеела во Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска