Продолжува акцијата за зазеленување на Скопје

Од:

Есенската акција за садење 615 дрвја на јавните површини на повеќе локации низ градот Скопје, која започна во општина Аеродром, денеска се одвиваше во општината Карпош.

– Акцијата за зазеленување на Скопје продолжува. Во неа досега се засадени двесте садници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и во Чаир. Денеска продолжуваме со садење 60 дрвја во новиот парк спроти студентскиот дом Гоце Делчев во Карпош. Со есенската акција предвидени се да се засадат 615 нови висококултивирани садници од типот: јавор, каталпа, липа, даб и јасен – истакна претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Градот Скопје планира напролет да ја продолжи акцијата за зазеленување на Скопје и да засади уште 4 000 висококвалитетни садници на точно утврдени локации, особено локации каде што во изминатиов период биле исечени или воопшто немало засадено нови дрвца.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски