Продолжува 71. седница на Собранието на РМ

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71. седница на чиј дневен ред се повеќе законски измени и дополнувања.

Пратениците ќе расправаат за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за постапување по претставки и предлози, за електронско управување, за електронските комуникации, за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, за управната инспекција, за инспекциски надзор, за ловството, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за земјоделски задруги, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, сите во второ читање.

На дневен ред на седницата се и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за тутун и тутунски производи, за просторно и урбанистичко планирање, за градежно земјиште, за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, како и дополнетите предлог-закони за изменување и дополнување на законите за пасиштата и за водостопанство, за сигурност во железничкиот систем, за внатрешната пловидба, за превоз во патниот сообраќај, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за оружјето, за детективската дејност, сите во второ читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за приватно обезбедување во второ читање, Предлог-законот за задолжување на РМ кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на РМ – фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар”, Предлог-законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на патната делница Штип – Радовиш, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и Предлог-законот за изменување на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, Предлог-законот за дополнување на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка и ЈП за државни патишта, предлог-законите за изменување на законите за задолжителни нафтени резерви, апка, за персоналниот данок на доход, за платниот промет, Предлог-законот за задолжување на РМ со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – СБ по Договорот за заем за Вториот Проект за подобрување на општинските услуги, сите по скратена постапка итн.

Би можело да ве интересира

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Горан Наумовски

Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието

Горан Наумовски

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа

Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет

Предраг Петровиќ

Предлог законот за реорганизација на министерствата ќе оди по скратена постапка, веќе денеска пред матичната комисија

Катерина Ѓуровски

Верификувани мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи од „Вреди“