„Скопје 2014“ на дневен ред во Собранието

Од:

Проектот „Скопје 2014“, по предлог на опозицијата, треба да биде на денеска на дневен ред пред пратениците на 35. седница во Собранието.

На седницата треба да се расправа и по Предлог законот за дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлог законот за Центар за обука на службеници, поднесени од опозициските пратеници.

Пратениците треба да ги разгледуваат и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – трета фаза, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Дојче Банка по Договорот за заем наменет за буџетска поддршка, по скратена постапка, Предлог законот за дополнување на Законот за странците и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, сите во скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба