Продолжува 103-та собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи второто продолжение на 103-та седница, на која меѓу другите точки  е и интерпелација за работата на претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата.

Како што е најавено, пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, по скратена постапка.

На дневниот ред се и предлог-законите за изменување на Законот за спортот, на Законот за заштита и спасување, на Законот за полиција и на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе ги разгледуваат и годишните извештаи за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2015 година, на Агенцијата за администрација за 2015 година, на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2015 година и Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска