Судскиот процес за случајот „Дива населба“ денеска продолжи со давање искази на обвинетите пред судот.
Второобвинетиот во овој случај Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, рече дека не се чувствува виновен и оти настанот е политички монтиран.
Красниќи изјави дека не сакале да војуваат, туку да извршат притисок за спроведување на Охридскиот рамковниот договор.
Судењето продолжува со распит на останатите обвинети. Во случајот „Дива Населба“ 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.