А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжи собраниската расправа за Завршната сметка за Буџетот за 2016 година

by А1он15/07/2017 - 14:5254
Share0

Собранието на Република Македонија денеска со реплики и контрареплики на опозицијата ја продолжи расправата по Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во денешната расправа посочија дека во времето на владата предводена од нивната партија се трошело домаќински, се зголемиле платите, пензиите и социјалната помош, а редовно биле исплатувани и субвенциите. Забележаа дека е погрешна политиката на сегашната влада да ја сопре реализацијата на значајни инфраструктурни проекти како што се автопатите и регионалните патишта.

– Сите проекти кои што се од извонреден карактер како што се автопати и регионални патишта мора да продолжат да се градат и да се најдат пари. Попрво треба да се најдат пари за нив отколку за нови вработувања на министрите и администарцијата, рече Владанка Авировиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека СДСМ едно ветувале пред избори, а сега го прават спротивното притоа посочувајќи на ветувањето за укинување на радиодифузната такса и на најавата на УЈП дека ќе врши присилна наплата на заостанатиот долг за оваа такса. Димовски рече дека ветувале и 140 милиони евра на годишно ниво за мали и средни претпријатија, а со Ребалансот на буџетот одвојуваат 1,4 милиони евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратениците од СДСМ пак во вчерашната расправа посочија дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

Расправата по оваа точка од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео