А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжи собраниската дебата за огласот за јавен обвинител

by А1он06/09/2017 - 13:3255
Share0

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи расправата по предлогот за огласување именување јавен обвинител на Република Македонија, што е на дневен ред на 12. седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците од опозицијата повторно предложија да се одложи оваа точка по локалните избори и да се испочитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата според кое сите постапки за разрешување и именување носители на јавни функции се ставаат во мирување до завршување на изборите.

– Целата постапка е незаконска. Согласно Изборниот законик, до завршување на изборите не смее да се разрешува и да се вработува. Парламентарното мнозинство не го почитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, што претставува директно кршење на законот, рече Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставот на владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, е дека не е прекршен ниту еден закон во постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Ги потсетија колегите од опозицијата дека во 2013 година кога биле распишани избори на 11 јануари, веќе на 21 јануари, односно за десет дена, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го именувала Зврлевски за јавен обвинител и прашаа зошто тогаш не е реагирано за ова.

Следете a1on на Youtube YouTube

Марко Зврлевски беше разрешен од функцијата на 17 август на предлог на Владата бидејќи, како што објаснија, тој ненавремено, незаконито и недоволно стручно ја извршувал функцијата. За в.д. јавна обвинителка е избрана Лилјана Спасовска.

На 12. седница се ставени и неколку закони по скратена постапка, како и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.

Владејачкото мнозинство го поддржа предлогот на опозицијата на дневен ред, по скратена постапка да бидат ставени три нивни закони.

По скратена постапка ќе се носи пакет закони предложен од владејачкото мнзоинство. Овие три закони предвидуваат минималната плата да биде 12.000, надоместок за одредена група стечајци и укинување на радиодифузната такса, предложени од владејачкото мнозинство.

Владата предложи по скратена постапка да се носат и измените на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина со којшто, како што меѓу другото кажа министерот за здравство Арбен Таравари, предвидува болниците да одлучуваат кој доктор ќе оди на доусовршување во странство, а не како досега министерот за здравство.

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери поради протоколарни обврски даде пауза, а расправата по предлогот за огласување именување јавен обвинител на Република Македонија како што рече ќе продолжи попладнево по 15 часот.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео