Продолжи расправата во Собранието за разрешувањето на Зврлевски

Од:

Во Собранието, вечерва, по истекот на едночасовната пауза на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Како и во претходниот дел од денешната седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни реплики и контрареплики, оценија дека намерно се форсира оваа расправа во Собранието со цел, како што реакоа, да се дефокусира јавноста од актуелните теми, како задолжувањето, пожарите, стратегијата за бегалци…

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето на Владата, за пратениците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.

Пред објавувањето на едночасовната пауза во Собранието, претседателот на Собранието повика обезбедување како реакција на тоа што, како што рече, пратеник му ја одзел картицата. Обезедувањето беше повлечено, а седницата продолжи.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието