Продолженија на три собраниски седници

Од:

Пратениците денеска повторно ќе седнат во собраниските клупи, а на дневен ред се продолженија на три собраниски седници, шестата, осмата и 12-та.

На дневен ред на продолжението на шестата собраниска седница пратениците меѓу другите ќе го разгледаат Предлог законот за изменување на Законот за работните односи.

На дневен ред се и повеќе извештаи, меѓу кои Извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година, Извештај на Европската комисија за Република Македонија 2016 година, Извештаи од истражувањата на третманот на родовите прашања и на прикажувањето и претставувањето на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите во 2016 година.

Пратениците на оваа седница ќе рапсраваат и за работата на МРТ. На дневен ред се Годишниот извештај за работата на Македонска радио телевизија за 2016 година, како и Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година

На дневен ред на продолжението на осмата седница е Предлог на одлука за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, како и Предлог на одлука за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Пратениците ќе разгледаат и некои законски предози од опозицијата, На дневен ред се Предлог на закон за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за изменување на Законот за јавното обвинителство.

На дневен ред на продолжението на 12. седница меѓу другите се Предлог на одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија, Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во ЕУ, како и Предлог на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он