Продолженија на пет собраниски седници

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ги одржи продолженијата на 29-тата, 30-тата, 34-тата, 39-тата и 41-вата седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија.

На дневен ред на 29-тата седница се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лична карта и на Законот за прекршоци, двата по скратена постапка.

На продолжението на 30-тата седница, на дневен ред се останати уште три точки, Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка и два предлог-закона за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и Законот за животна средина, двата во прво читање.

Во рамки на 34-тата седница, пред претаниците на дневен ред се повеќе предлог-закони, како и Информацијата за нацрт-концепција за основно образование.

На дневен ред на 39-тата седница, се Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој со цел дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локалните патишта, во скратена постапка, како и Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Северна Македонија – Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, наменет за финансирање мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, исто така, по скратена постапка.

На продолжението на 41-та седница, на дневен ред се повеќе предлог-закони, во второ читање, меѓу кои Законот за комплементарна и алтернативна медицина, Законот за лековите и медицинските средства и Законот за заштита на правата на пациентите.

Во Собранието денеска седница треба да одржи и Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он