Продолженија на две собраниски седници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи две седници и тоа 97. и 99. седница.

Во рамки на 99. седница се очекува пратениците да ја започнат расправата за Извештаот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за период од 15.09.2015 до 15.03.2016). Извештајот на специјалната обвинителка е последна точка на дневниот ред на оваа седница.

Пратениците на оваа седница треба да се изјаснат за измените на Законот за заштита на природата, на Законот за управување со отпадот, на Законот за сигурност во железничкиот систем, сите по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка, поднесен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ  и измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка, по скратена постапка.

На оваа седница и претходи продолжението на 97. седница на која пратениците треба да расправаат за Предлог – законот за изменување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска