Продолженија на четири собраниски седници

Од:

Собранието денеска треба да одржи продолженија на четири седници. На продолжението на 100-та седница пратениците треба да разгледаат Дополнет предлог на закон за акцизите во второ читање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка поднесен од пратеникот Хари Локвенец.

Во рамки на продолжението на 94-та седница Собранието во второ читање ќе го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

На дневен ред на продолжението на 98-та седница на Собранието е Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година и Предлог на одлука за одобрување на Финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година.

И на продолжението на 66-та пред пратениците се преостанати Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила во прво читање, Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија поднесена од пратениците од опозицијата и Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on