Продолжение на 92-та собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи првото продолжение на 92-та седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија по скратена постапка меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лизинг.

Во рамките на седницата пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила, на Законот за минерални суровини, на Законот за јавните претпријатија, и на Законот за угостителска дејност, сите по скратена постапка.

На дневниот ред се и предлог законите за изменување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за управување со кризи, и на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, трите по скратена постапка.

На седницата се уште 34 предлог закони по скратена постапка, како и шест законски решенија во прво читање, една информација и три барања за автентично толкување на закони.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање