Продолжение на 85. седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85-тата седница на чиј дневен ред се повеќе закони меѓу кои и Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат за предлог законите за утврдување на цени на водните услуги, за измените и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште, измените на Законот за шумите, на Законот за лековите и медицинските средства, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и педесетина законски решенија од економската сфера во прво читање и неколку измени и дополнувања на закони, исто така во прво читање, како и неколку барања за автентични толкувања на закони.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска