Продолжение на 67. седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 67. седница ќе расправа за предлог законите за измени и дополнувањата на законите за технолошки индустриски развојни зони, за индустриски – зелени зони, за пензиското и инвалидското осигурување и за социјална заштита, по скратена постапка.

На дневниот ред на седницата е и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, исто така по скратена постапка, Меѓу точките на седницата се и измените и дополнувањата на законите за трговските друштва, за метрологијата, на Законот за возила, на Законот за енергетика, за минерални суровини,  за стечај, за катастар на недвижности, за процена, за медијација и за вештачење, сите во прво читање.

Патениците ќе расправаат и за предлог  законите за изменување и дополнување на законите за Академијата за судии и јавни обвинители,  за постапување по претставки и предлози, за електронско управување, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, исто така сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции