Продолжение на 47. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи со работа по 47. седница, на која меѓу точките се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2014 година, како и Стратешкиот план, Финансискиот план и предлог одлуките за давање согласност на Програмата за работа на оваа државна комисија за 2015 година.

Пратениците треба да ги разгледаат и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање и предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2015 година.

На дневен ред на седницата се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2015 година, како и годишните извештаи за 2014 година на повеќе институции.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска