Продолжение на 41. собраниска седница

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 41. седница, на чиј дневен ред се предлог одлуки и закони од повеќе области.

Пред пратениците на разгледување ќе се најдат Предлог изборот на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, Предлогот за именување на неизвршни членови на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина и на Законот за лековите и медицинските средства, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба , Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, како и измените на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенијан и на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, сите во второ читање.

Последни точки од дневниот ред на оваа седница се и интерпелациите за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и за човечки ресурски Љупчо Николовски, поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска