Продолжение на 103. седница на Собранието на Република Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 103. седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка.

Пратениците треба да дебатираат за Предлогот за престанок на мандат на член на Комисијата за воедначување на казнената политика, како и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за Националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, за спортот, за заштита и спасување, за полиција, и на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите по скратена постапка.

Собранието ќе се изјасни и за Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Државната комисија за жалби по јавни набавки, сите за 2015 година.

На дневниот ред се и повеќе други извештаи за работата на институциите во 2015 година, како и неколку предлог одлуки за давање согласност за финасиските и стратешките планови на институциите за 2016 година.

На седницата треба да се расправа и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска