Продолжен рокот за субвенции за чистење оџаци во Скопје

Од:

Од Град Скопје преку соопштение инфорираат дека го продолжува доделувањето на субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци. Ова е една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот и досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните, инфомираат од Град Скопје.

Со оваа мерка, велат во соопштението градот ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

„За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за добивање субвенции се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи: барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот); доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош; доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци; потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот; фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности) и фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка“, стои во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен