Продолжен рокот за полагање англиски за таксистите

Од:

До крајот на месецов е продолжен рокот за пријавување на таксисите за полагање испит по англиски јазик, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Продолжувањето на рокот, според Министерството, е на барање на такси компаниите. Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта [email protected]. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врскиwww.mtc.gov.mkкандидатите да приложат М1/М2 образец не постар од 60 денари и копија од лична карта.

Согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање основен степен на англиски јазик, кој е еден од условите да добијат лиценца за вршење на авто такси превоз кој ќе биде задолжителен од  1 јануари 2017.

Од Министерството за транспорт и врски потенцираат дека авто такси возачите ќе немаат никакви трошоци за полагање на испитот.

На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи  вработени во лиценцирани авто такси компании. Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска