Продаден дел од атрактивниот објект на Јавното претпријатие Проаква во Струга.

Од:

Дел од објектот каде што е сместено Јавното претпријатие Проаква во Струга, локалната самоуправа го продаде на приватно лице. Неофицијално цената за кој е продаден објектот кој се наоѓа на најатрактивна локација покрај кејот на реката Црни Дрим е 370.000 евра. Од локалната власт во Струга велат дека продажбата на објектот била транспарентна и оти целата процедура била спроведена транспарентно.Од таму велат дека согласно програмата на Советот за општина Струга за 2012 година било предвидено да се продаде дел од објектот на јавното претпријатие во Струга.

„Купувачот е бизнисмен од селото Радолишта.Сметам дека ова е позитивно и за локалната самоуправа.Со продажбата ќе се акумулираат средства не само од продажбата туку и од комуналиите за изградбата на објектите на тоа место.Со ова ќе добијат и граѓаните и компаниите кои ќе работат таму но и самиот инвеститор кој ќе вложи многу средства за изградба на тој објект“ рече градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Мерко кажа дека продажбата на објектот во денари изнесува 25 милиони денари, но оти дополнително ќе биде продадено и земјиштето каде се наоѓа сегашниот објект за цена од околу 12 милиони денари. Тој уверува дека вработените нема да останат на улица.

„Сето ова ќе биде добра финансиска подршка за локалната самоуправа“, рече Мерко.

Што се однесува до вработените тие ќе останат тука уште најмалку 6 месеци а, за тоа време предвидуваме изградба на нови канцеларии“ рече Мерко.

Неофицијално на оваа атрактивна локација ќе се градат станбени објекти како и трговски центар.

Во изминатиов период во Струга беа продадени неколку објекти сопственост на општината кои се сместени на атрактивни локации, најголем дел од нив објекти за домување.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“