Проценети штетите од поплавите во Чешиново-Облешево

Од:

Комисијата за утврдување и проценка на штетите од поплавите од општина Чешиново Облешево, по направениот увид на терен излезе со информација до јавноста во која се посочуваат местата и штетите предизвикани од поплавите и излевањето на реките.

– Најголема штета е направена на мостот на Кочанска река кај село Чифлик и на мостот на река Брегалница кај село Кучичино како и на мостот на Злетовска река кај село Жиганци. Тие се уништени 100 проценти и потребна е итна санација, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.

Таа истакнува дека во проценката на штетите, оштетен е, односно прекинат е одводниот канал кај село Бање при што се поплавени над 100 ха земјоделско земјиште ,а оштетен е и пропустот на регионалниот пат село Тркање село Жиганци кај млекарницата во село Соколарци.

Општинската комисија за проценка на штетите на општина Чешиново Облешево и предлага итна санација на патот Облешево Теранци и патот кај мостот кај село Кучичино, заштита на мостовите кај селата Жиганци и Кучичино, санација на оштетените пропусти во село Соколарци и крпење на одводниот канал кај село Бање.

Во делот на поплавените површини 60 хектари се под есенски култури, луцерка и житни култури.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава