Општина Пробиштип и институциите кои се под нејзини ингеренции на вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија ќе конкурира со три проекти.
Градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека заедно со бугарската општина Банско ќе бараат средства за реализирање на проект од областа на животната средина. Двете општини заеднички бараат 24,6 милиони денари.
Станува звор за поставување на фито и соларни панели на кровот на затворениот училишен базен, промена на парниот котел и ставање на овој објект во функција, кој е единствен во источниот регион.
Тој забележа дека Домот на културата „Злетовски рудар“ ќе аплицира заедно со бугарската општина Хаџидимова. Целта е во функција да се стави зградата на Домот на културата во Злетово, а детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип ќе бара европски пари за трите објекти, за промена на парните котли и за реконструкција на кровот на објектот во Злетово. Вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија трае до 11 мај, кога општините, институциите и невладините организации ќе можат да аплицираат со проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.